X
 23.09.2015 Култура

Претставено главното жири на "Браќа Манаки"

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ вчера ги претстави членовите на меѓународното стручно жири кое оваа година го предводи кинематограферот Ришард Ленчевски од Полска кој е еден од годинашните лауреати на наградата „Златна камера 300“.

 

manaki


Директорот Димитар Николов изјави дека е пресреќен што годинава жирито се состои од еминентни имиња, режисери, актери, директори на фестивали и директори на фотографија. Во жирито се вклучени Ерџан Кесал од Турција, Хајет Бенкара од Канада/Франција, Митко Панов од Македонија, Божидар Бота Николиќ од Србија, и секако, кинематограферот Ришард Ленчевски од Полска.

„Сакам да се заблагодарам на поканата од фестивалот. За мене претставува голема чест што сум дел од ова жири за кое сметам дека е составено од инспиративни, почитувани, професионални и креативни уметници и кинематографери. Овде доаѓам по фестивалот во Торонто и сум малку уморна. Но, ако можам да придонесам на кој било начин за да го промовирам талентот што постои во овој регион, ќе дадам се од себе“, изјави Бенкара.

 

2


На прес конференцијата беше претставено и жирито кое ја следи и оценува програмата „СЕЕ Камера“ чиишто членови се филмскиот и театарски режисер од Кипар Диомидес Никита, професорката Маја Богоевиќ од Црна Гора и режисерот Мирослав Момчиловиќ од Србија.

„Среќна сум што сум дел од ова жири, за мене ова е специјален предизвик зашто вообичаено сум дел од жири на критичари. Задоволство е да се биде дел од жири што комбинира уметници и филмски работници“, изјави критичарката Богојевиќ.

 

3


Фестивалската програма продолжува и во наредните денови, а денес се одржа пресконференција со документарецот „Маргина“ и „Ракаџиски дневник“, на која гости беа Љупчо Темелковски и Борис Полјак.

 

4

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура