X
 23.09.2015 Култура

Што се` предвидеа "Симпсонови"?

„Симпсонови“ е анимирана серија која се прикажува речиси цели 25 години. Низ овие години, серијата стана една од најгледаните и сè уште ги засмејува луѓето низ целиот свет. Меѓу сите тие смешни скечови во серијата биле разгледани и некои сериозни работи, а многумина сметаат дека „Симпсонови“ предвиделе настани, како следниве.


Доналд Трамп за претседател на САД

Во тек е трката за претседател на САД, а во неа е и Доналд Трамп. Во 2000 година во „Симпсонови“ една епизода го прикажала Трамп како доживува бурно заминување од власта, а во серијата, тој се симнува од власта во 2030 година.

Епидемијата на вирусот ебола

Во далечната 1997 година, во една епизода, Марџ му дава книга на Барт со име „Љубопитниот Џорџ и вирусот ебола“. На насловната страна се наоѓал мајмун - животното кое го пренесува вирусот.

Терористичкиот напад на Светскиот трговски центар.

Терористичкиот напад кој се случил на 11 септември во 2001 година во Њујорк на одреден начин бил опишан во „Симпсонови“ во 1997 година, според некои теоретичари. Имено, облакодерите биле претставени на списание кое чинело 9 долари.

Современата технологија

Во последните години забележуваме голем напредок на модерната технологија, која била предвидена од анимираната серија. Имено, „паметните уреди“ може да се видат во епизода од 1995 година, која не била прикажувана.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура