X
 24.09.2015 Технологија

"Google" ја предвидува вашата иднина!

На интернет-страницата betagoogle.com корисниците може да поставуваат прашања во врска со иднината. Впрочем, тоа не е случајот, иако така изгледа.


Интернет-страницата им нуди можност на посетителите да постават прашање во врска со нивната иднина и потоа да одберат опција со која страницата им ја предвидува иднината.

Сите кои побарале предвидување на иднината од љубопитност добиле одговор дека иднината не може да им биде предвидена, но 60 милиони бегалци секој ден се прашуваат дали има иднина.

- Користевме лажен Google за да го насочиме вниманието бидејќи очигледно сте заинтересирани за сопствената иднина. Одвојте минута и размислете за нивната иднина - гласи пораката на betagoogle.com.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија