X
 24.09.2015 Образование

Универзитет Американ Колеџ Скопје (УАКС) по осми пат ја отвoри церемонијата за доделување дипломи

Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС), на 23 септември во Александар палас ja одржа осмата церемонија за доделување дипломи за академската 2014/2015 година за дипломците и магистрантите на УАКС.




Во присуство на ректор на УАКС проф.д-р Марјан Бојаџиев, про-деканот за настава вон. проф. д-р Илијана Петровска, деканката на Факултетот за архитектура и дизајн м-р Викторија Еремеева, деканот на Факултетот за информатичка технологија вон. проф. д-р Адријан Божиновски, деканката  на Факултетот за странски јазици вон. проф. д-р Марјана Ванева, деканот на Факултетот за политички науки  проф. д-р Иван Додовски и деканот на Факултетот за правни науки вон. проф. д-р Марко Андонов дипломците и магистрантите на УАКС свечено ги добија своите дипломи.
Универзитет Американ Колеџ Скопје со оваа церемонија преку обраќањето на conference Ема Кастратовиќ истакна дел од мисијата, која УАКС се труди да им ја доближи на студентите во текот на студиите:
“Ние, на Американ колеџ, се трудиме да го истакнеме духовното наследство, да го приближиме најсовременото и да ги приготвиме студентите на условите во кои работи глобалниот деловен човек. Во последниот напор не поддржуваат повеќе од 150 фирми-членки на Деловниот совет при универзитетот.”
“Еден ден сите вие ќе го напуштите Американ Колеџ, но бидете уверени дека тој зесекогаш ќе остане Ваш дом! Ние постоиме поради Вас!Токму затоа, отидовме чекор понапред од другите во регионот и обезбедивме меѓународно признаена диплома од Советот за акредитација на бизнис факултети и програми од САД.”
На церемонијата за доделување дипломи на дипломците и магистрантите им се обрати и  проф. д-р Јовица Угриновски со цел да го стимулира нивниот понатамошен професионален и личен развој, преку говор специфичен и уникатен само за проф. д-р Јовица Угриновски.
Проф. д-р Марјан Бојаџиев, ректор на Универзитет Американ Колеџ Скопје пред крајот на церемонијата го прогласи најуспешниот студент на генерацијата 2012/2015, Љубомир Раденков со ГПА 3.94 и го заокружи церемонијалниот дел со инспиративен говор: “Ќе завршам со реченица – со која ги почнувам предавањата на мојот предмет Организациско однесување на постдипломски студии. Велам, секој човек мора да определи како ќе го мери успехот на својот живот. Можеби преку пари, слава, моќ, позиција или хармоничен живот. Јас велам –Мисијата на Американ Колеџ е да направи од своите студенти подобри луѓе, а потоа секој од нив ќе гради подобри организации. Така ќе изградиме подобро општество во кое сите ние ќе живееме.”
“Генерацијо 2012/2015, Ви благодарам што бевте дел од нас и што учевте од нас, Ви благодарам што ни дозволивте и ние да учиме од Вас.”
Осмата церемонија за доделување дипломи за Академската 2014/2015 г. продолжи со прославата, со коктел во лобито на Александар палас.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование