X
 26.09.2015 Култура

"Кобна Кота 524" - Документарец за падот на авионот на Претседателот Борис Трајковски



Недела со почеток од 17 часот на програмата на Ал Џезеира Балкан премиерно ќе биде емитуван документарец посветен на трагичниот момент во кој загина поранешниот Претседател на Република Македонија, Борис Трајковски.

Емисијата насловена како “Кобна Кота 524“ ќе се обиде да направи досега најцелосен осврт на трагичната авионска несреќа во која животот го загубија Претседателот Трајковски и уште девет други патници.

Ал Џезеира Балкан е дел од Ал Џезеира Нетворк една од најголемите медиумски групации во целиот свет, емитувајќи емисии, вести и актуелни содржини на сите локални јазици во регионот, вклучувајќи информации од БиХ, Македонија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија и Косово. Следејќи ја традицијата на независно новинарство по кое е позната Ал Џезеира, телевизијата се обидува да биде клучен извор на меѓународни и регионални вести.

ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура