X
 29.09.2015 Конкурси

АИЕСЕК организира Career Direction

На крајот на своите средношколски денови секој средношколец се запрашува “Што понатака ?“. Студентската организација АИЕСЕК восоработка со Американскиот Универзитет во Бугарија и “Да Научиме“,организираат проект кој ќе им го одговори токму ова прашање на средношколците.




Овој конкурс им нуди на младите луѓе шанса да ги идентификуваат своите интереси и способности и со нивно откривање да дознаат во која насока најдобро можат да се развијат и самите да се пронајдат во некое кариерно поле. Преку интерактивни сесиии и работилници тие можат да иницираат дискусии и да развијат критички начин на размислување.

Учесниците на овој проект ќе имаат можностда ги поттикнат своите менаџерски, лидерски и креативни способности и истовремено она што го научиле да го применат во “case study“ каде што ќе бидат поделени во групи и најдобрите ќе освојат награда од страна на Американскиот Универзитет во Бугарија.

Пректот ќе трае еден месец дена со почеток на 3-ти октомври оваа година.

Со оглед на тоа дека бројот на делегати е ограничен, за да бидете дел од овој проект треба да пополните апликација. Апликациската форма можете да ја најдете на следниов линк - http://goo.gl/forms/wzB8fCXdML
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси