X
 29.09.2015 Образование

Колку од дипломираните студенти во Македонија одлучуваат да продолжат на последипломски студии?

Државниот завод за статистика ги објави податоците за запишани студенти на последипломски студии во земјава.


Во учебната 2013/2014 година, на македонските државни и приватни високообразовни институции се запишале 2.315 студенти на магистерски студии. Од нив, 74 се запишани на природно-математички науки, 578 на техничко-технолошки науки, 18 на медицински науки, 1.360 на општествени науки и 218 на хуманистички науки.

1.743 од вкупниот број се запишале на некој од државните високообразовни установи.

Од вкупниот број, 1.291 студенти се жени, а 1.024 мажи.

Доколку се споредува во однос на припадноста кон етничка заедница, најголем број од новите последипломци се Македонци (1.900), па Албанци (259), Турци (28), Роми (6), Власи (21), Срби (21) и Бошњаци (14). 54 од студентите се странски државјани.

Целосните податоци пронајдете ги ОВДЕ.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование