X
 29.09.2015 Живот

Македонската традиционална зимница и органските производи се вистински хит во октомври

Есента во Македонија пристигна, а со тоа дојде и времето кога главниот разговор во секое семејство се врти околу зимницата и што да се приготви и складира за зимските месеци. Главоболките околу купувањето на зеленчук и овошје за подготовка на ајвар, печени пиперки, кисели краставички, џемови и останатата традиционална зимница стануваат минато, бидејќи од 1-ви до 4-ти октомври на Скопски саем ќе се одржи Меѓународниот саем за широка потрошувачка, Агрофуд 2015, каде продажниот аспект на готовата традиционална зимница е гаранцијата за полните тегли. Освен квалитетната зимница, новитет се органските производи и македонската традиционална зимница, кои што се одгледани по најстрогите законски стандарди од исклучиво македонски производители.

„Продажниот аспект на саемот е гаранцијата дека секое семејство може лесно да се снабди со зимница од исклучиво природни состојки. На „Агрофуд 2015“ меѓу многуте исложувачи ќе имате можност да ги посетите и штандовите за македонска зимница и традиционални производи на ДИЕМ-ГП, Бонум, Best Food, Млекара Ѓорѓиев, Ука Комерц, Минерална вода Суна... Меѓу неколкуте новитети како органската храна и органските македонски производители е и одржувањето на МАКЕДОНСКО–УНГАРСКИТЕ БИЗНИС СРЕДБИ за време на саемот. Целта е остварување на директни контакти со компаниите од Унгарија со креирање на можности за воспоставување на конкретна деловна соработка и зголемување на продажбата на македонските производи. Бизнис делегацијата од Унгарија ја сочинуваат 8 компании од агробизнис секторот од различни дејности, изјави проект манаџерот на Скопски саем, Магдалена Хамбова



Органските производи кои ќе бидат презентирани исклучиво од македонските органски производители се големиот новитет оваа година на АГРОФУД 2015. Во Македонија расте потрошувачката за здрава храна, а со тоа расте и производство и преработката на органски производи.

Increasing Market Employability IME или Програмата за зголемување на пазарната вработливост е пет годишна програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) која е имплементирана од Swisscontact. Еден дел од програмата се фокусира на развој на пазарот на органски производи и помош на производителите на органска храна во Македонија . Токму затоа одлучивме да го потпомогнеме организираното претставување на македонските производители на органски производи на Агрофуд. Ги повикуваме сите македонски фармери да го посетат нашиот штанд на Агрофуд и да се информираат за тоа како да станат производители на органски производи, изјави одговорниот за комуникации во IME, Дејан Стојанов.

Отворањето на Агрофуд 2015 ќе биде во четврток, 1-ви октомври во 11 часот, каде ќе говорат Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, амбасадорот на Унгарија, Јожев Бенце, амбасадорот на Швајцарија, Стефано Лазарото и Валентина Димитрова, комерцијален директор на Скопски саем – Групација ЕРА.

На изложбено-продажните штандови, освен прехранбените производи како храна, пијалoци и стоки за широка потрошувачка, ќе можат да се разгледаат и набават најразновидни и најнови машини и опрема за амбалажирање, земјоделска и друга приклучна механизација, како и внатрешен транспорт.

Она што е интересно за споменување е дека Афрофуд 2015, кој всушност е настан кој во ново руво, преку поблизок и помодерен пристап, ќе ја најави есента со најдоброто од Македонија ќе има бесплатен влез.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот