X
 29.09.2015 Технологија

Советот на Стив Џобс кој можеби го спасил "Facebook"

За време на настан со премиерот на Индија, Наренда Моди, Марк Закерберг откри нов историски факт за една од највредните компании во Силициумската долина.


Имено, еден од основачите на „Apple“, Стив Џобс, му доделил мал, но потенцијално есенцијален совет на Закерберг во моментот кога му бил најпотребен. За време на почетоците на компанијата „Фејсбук“, Џобс му ја раскажал својата приказна за искуството кое му го променило животот.

Се работи за спиритуално искуство во храм во Индија. Џобс му препорачал посета на истиот храм на својот колега. Закерберговото патување му помогнало на лидерот на „Фејсбук“ да ја оформи визијата за својата социјална мрежа.


- Да се има таа можност да се почувствува колку би бил подобар светот доколку секој има поголема можност за поврзување, за мене го зголеми значењето на она што го работевме - објаснил Закерберг.

Ова е причината поради која тој не ја продал својата компанија.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија