X
 29.09.2015 Технологија

Зошто норвешките доктори се` уште користат флопи во работата?

Флопи-дисковите се дел од историјата за повеќето од нас. Но, се чини дека тие сè уште се користат, и тоа во земја толку развиена како Норвешка.


Фин Еспен Гундерсен пишува на својот блог како функционира системот. Тој е доктор кој користи флопи-дискови секојдневно поради договор со норвешката влада. Имено, секој месец, докторите кои не се префрлиле на понов електронски систем добиваат флопи-диск од владата. На тој флопи-диск се наоѓа листа со имиња на пациенти кои докторот ги смета за главни пациенти.

Овој систем ѝ помага на владата да чува информации за пациентите и докторите, а на пациентите им помага полесно да ги променат докторите. Овој систем функционира и благодарејќи на две апликации.

Но, крајот е близу. Веќе наредната година, норвешката влада ќе ги принудува сите доктори да започнат да користат електронски дневници за своите пациенти. Сите информации добиени со флопи-дисковите ќе бидат преземени и листите со имињата на пациентите ќе бидат испечатени и испратени до докторите.

Тоа значи дека новиот систем ќе биде помалку безбеден и шансите за грешка се поголеми бидејќи докторите ќе мораат да ги внесуваат сите имиња во своите електронски дневници.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија