X
 30.09.2015 Технологија

Најважните работи кои "Google" ги најави синоќа

Голем дел од работите кои беа најавени синоќа на есенската презентација веќе беа најавени порано или информациите некако беа стигнале до јавноста. Најмногу коментари предизвикале новите телефони „Nexus“, подобрениот „Chromecast“ и новиот „Chromecast audio“ за слушање музика.


„Nexus 6P“ - најпрестижен модел досега

Новиот модел произведен од кинескиот „Huawei“ има неколку подобрувања во споредба со претходниот. Компанијата го нарече најпрестижен мобилен телефон досега. Тој има сензор за отпечатоци од прсти, метално куќиште и го користи новиот влез за полнење кој ја полни батеријата двојно побргу. Испораките на овој телефон ќе започнат на крајот од наредниот месец, а цените започнуваат од 499 долари.




„Nexus 5h“ како поевтина алтернатива

Ова е наследник на „Nexus 5“ кој беше изработен во соработка со Ел-Џи. Овој модел е малку поголем, има 5,2-инчен екран, поголема батерија, нов дизајн, сензор за отпечатоци на прсти и нов влез за полнење. Цените почнуваат од 379 долари.

Следната недела пристигнува „Android marshmallow“

Новостите во врска со новата верзија се најавуваат со месеци. Пребарувањето на новиот „Android“ ќе биде поинтуитивно, ќе биде поштедлив за батеријата и корисниците ќе имаат поголема контрола над својата приватност.

Новиот „Chromecast“ за иста цена

„Chromecast“, малиот стик кој на корисниците им овозможува да гледаат речиси сè на телевизија преку мобилниот телефон, добива напредна верзија. Новата верзија ќе биде побрза, ќе има три различни антени наместо досегашната една и е оптимизиран за интернет. Цената останува 35 долари.

„Chromecast audio“ за слушање музика

Овој стик не се вклучува во телевизорот, туку во звучници, а корисниците преку него ќе може да пуштаат музика од „Google play music“, „Pandora“ или „Spotify“. Телефонот станува далечински управувач. Цената изнесува 35 долари.

Нов таблет „Pixel C“

Новиот таблет има процесот Nvidia X1, RAM од 3 гигабајти, новата верзија на „Android“ и чини 499 долари.



„Google maps“ доаѓа на часовникот на „Apple“

Со надградувањето на апликацијата за мапи, компанијата лансира и верзија за часовникот.




Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија