X
 01.10.2015 Образование

Стипендии со кои македонските студенти можат да студираат во Канада

Канада е дом на некои од најдобрите светски истражувачки капацитети и академски институции. Замислете да учите во ваква средина кадешто професорите се пристапни и училниците и предавалните ја рефлектираат културната разновидност во нашата земја.

 

канада


Замислете да влезете во работна сила со одлични квалификации кои се признати и почитувани во светот. Македонските студенти можат да аплицираат за стипендии за бројни институции токму во Канада. Ви нудиме неколку корисни линкови кои содржат информации за стипендии за вас студентите и како можете да ги добиете за да студирате во Канада.

Хамбер интернационални стипендии


Додипломски стипендии се достапни за студентите кои доаѓаат директно од средно училиште. Овие стипендии се само за новите студенти кои претходно не се запишале и не посетувале факултет. Стипендиите се во неограничен број.

2 целосни стипендии и 2 стипендии од 5.000 долари беа достапни септември, додека 1 целосна стипендија за школарина  и 1 стипендија од 5.000 долари е достапна во јануари 2016 година. Обновувањето на стипендиите се прави врз основа на способноста на студентот да задржи 75% од успехот секоја година на неговите/нејзините студии.

Официјална веб страна

Стипендии за странски студенти на Универзитетот во Британска Колумбија

Разновидноста која меѓународните студенти ја придонесуваат за заедницата го збогатува и самиот универзитет. UBC (University of British Columbia) ги признава академските достигнувања на истакнатите ученици од целиот свет нудејќи повеќе од 10 милиони долари за награди, стипендии како и други форми на финансиска поддршка за меѓународните студенти.

Наградата за најдобар меѓународен студент (OIS) е еднократна стипендија заснована на заслуги за квалификуваните студенти за запишување на Универзитетот во Британска Колумбија. Оценките и личниот профил се разгледуваат и се земаат во предвид пред доделувањето на наградата. Износите се движат од 2.500 до 10.000 долари.

Официјална веб страна

Стипендии за запишување на Универзитетот Карлтон

Ако сте примени на Универзитетот Карлтон со просечен прием од 80% и ги задоволувате условите за јазик, тогаш автоматски ќе бидете земени во предвид за обновлива стипендија за запишување. Просечниот прием се пресметува од оценките од вашето средно образование. Овие стипендии се понудени само за запишување во текот на есента. Може да ви биде понудена обновлива стипендија, а може да ви биде понудена обновлива стипендија доколку се запишувате за прв пат на овој факултет и претходно не сте посетувале никаков факултет.

Официјална веб страна

Ваниер Канада стипендии за постдипломски студии

Овие стипендии се создадени за да привлечат и задржат студенти од светска класа и со нивна помош Канада да стане глобален центар за истражување и високо образование. Стипендиите се за поддршка на магистерски и докторски студии.

Владата на Канада ја започна оваа програма во 2008 за да ја зајакне способноста на Канада да привлече и задржи студенти од светска класа.

Официјална веб страна

Постдипломски стипендии на Универзитетот во Манитоба

Овие стипендии се засновани на награди според заслуга кои се отворени за студентите од било која националност.

Официјална веб страна

Магистерски и докторски студентски награди на Универзитетот во Ватерло


Меѓунаордните студенти кои започнуваат со докторски истражувања ќе добијат меѓународна студентска награда од 1.880 долари по семестар за 2 години (магистерски) или 3.760 долари по семестар за 3 години (докторски).

Официјална веб страна

Награди за постдипломски на Универзитетот во Калгари


Универзитетот во Калгари нуди широк спектар на целосни и делумни стипендии за меѓународните студенти. Вредноста на стипендиите варира од 1.000 долари до 40.000 долари и опфаќа различни области на студии.

 


Официјална веб страна
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование