X
 04.10.2015 Живот

Работи кои можете да ги научите за кратко, а кои ќе ви го променат животот

Денес сите живееме 100 на час. Веројатно немате време ни да го дочитате овој текст. Сигурно е тешко да излезете на крај со сите обврски кои ве очекуваат во текот на денот, особено ако сте на факултет или ако сте вработени.

 

raboti


Има толку малку време, премногу обврски, а што ако посакате да имате слободно време и социјален живот? Невозможна мисија! За да го промениме сето ова сите се насочуваме кон мали трикови за подобра продуктивност за да си обезбедиме малку време за себеси.

Еве го решението! Научете ги овие ситници во следните 10 минути и со нив ќе се почувствувате доста продуктивни.

1. Помодоро техника


Способноста за управување со времето е клучна за вашата продуктивност. Според многу луѓе Помодоро техниката е токму една од најефикасните техники. Се` што е потребно е вашите дневни обврски да ги организирате во интервали од 25 минути што ќе ве „натера“ да бидете доста ефикасни.

2. Како да го подобрите вашиот „просек“

Секој ден се трудиме што повеќе да се подобриме и ние самите, и нашите резултати, но никогаш не се трудиме да го подобриме просекот на нашите перформанси кои можат да имаат големо влијание врз севкупниот резултат.

3. Како да планирате однапред

Планирањето однапред и поставувањето на периодични цели и исполнувањето на истите обезбедува доволно внимание кое ќе го посветите на секоја задача. На тој начин останувате скоцентрирани на задачата.

4. Како да медитирате

Краткото бегство од обврските и проблемите низ медитацијата ќе ви го олеснат животот и ќе ви обезбедат подобра продуктивност. Основите на медитацијата можете да ги научите за 10 минути, а придобивките се бесконечни. Медитацијата е вистински лек за секојдневен стрес. После медитацијата ќе бидете и повеќе продуктивни и повеќе одморени.

5. Техники на помнење

Работите кои морате да ги запомните се се` повеќе, а со се` помалку време располагате. Вашиот мозок не е компјутер за лесно да можите да правите „upload“ на информациите, па морате да ги научите. Ако се случи нешто да сте заборавиле или не сте го научиле добро, или некаде се изгубило. Концентрацијата и повторувањето се заслужни за помнење. Потребно е добро да се насочите на тоа што се обидувате да го запомните, а потоа да се тестирате што сте научиле.

6. Како да го забрзате читањето

Доколку немате доволно време за читање и не можете да читате додека патувате на факултет или на работа, тогаш можете да се послужите со едно мало олеснување - дајте им шанса на аудио книгите. Голем број апликации нудат можност за бирање на брзина со која аудио материјалите можат да читаат, па затоа обидете се да го забрзате мозокот и да ја следите книгата 2-3 пати побрзо од обично. На мозокот ќе му бидат потребни 10-тина минути за да се прилагоди.

7. Како да преземете одговорност

Многу често луѓето се обидуваат да пронајдат причина зошто не можат да направат нешто; зошто не стигнувате да ја направите семинарската, да го подготвите испитот навреме, да се видите со пријателите. Престанете да измислувате изговори, и тоа време искористете го да научите да преземате одговорност за вашите дела. Се` полесно и побрзо ќе завршите доколку не губите време обидувајќи се да најдете причина и изговор. Преземете одговорност и едноставно одете понатаму.

8. Како да ги издвоите критичните работи од важните

Секако дека се` е важно и итно, како и секогаш. Но, дали навистина тоа е така? На важните работи никогаш нема крај, листата на приоритети само се зголемува, и на крајот не постигнувате ништо. Време е да научите да издвоите она што е суштински важно и итно, од она што е само привидно важно и што навистина може да почека.

9. Истегнување

Часовите поминати на компјутер кога тогаш ќе предизвикаат сериозни последици врз вашето здравје, освен доколку не научете дека е потребно да правите кратки паузи и да станувате од столица за да се истегнете и опуштите сите напнати мускули на грбот, нозете, рамената, вратот... Потребни ви се само 10 минути да научите основни вежби за истегнување кои ќе ви го спасат животот.

10. Како да ги распоредите обврските во блокови

Со оглед на тоа што денот ви се претвора во маратон, потребно е да научите да го организирате вашето време. Направете распоред на обврските, одредете го времето за одмор, време за уечње, време за пријателите и семејството и никогаш нема да треба да скокате од една задача на друга.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот