X
 06.10.2015 Култура

Шести TEDxBASSalon настан во Скопје - "Климатски промени: Што зад себе ќе остави оваа генерација"

Крајбрежните градови преплавени, земјоделските региони сушни, океанските струи значително нарушени, тропски болести со се поголем замав. Топењето на глечерите - вештачки ефект на стаклената градина и градови проголтани од загаден воздух. Прашањата се едноставни, зошто ова се случува, како ова се случува, што правиме за да го решиме и уште поважно, колку сериозно го сфаќаме овој проблем?


На последниот од серијата шест TEDxBASSalon настани ќе зборуваме на тема “Климатски промени: Што зад себе ќе остави оваа генерација” при што преку дискусија поттикната од експерт гостите а насочена помеѓу Вас, учесниците ќе се обидеме да го дефинираме поимот климатски промени, ќе зборуваме и за примери за нивно постоење но и за интернационални и домашни примери за активности за справување со ваквите промени. Истотака ќе се обидеме да ги видиме климатските промени од два аспекти, научен и бизнис односно корпоративен аспект.

Целта на настанот како и во минатото ќе биде едуцирање на учесниците на темата како и подигнување на нивната свест воедно и развивање на дискусија базирана на TED подкастите кои ќе ги прикажеме. Уште поважно, целта на настанот ќе биде давање на одговор на прашањето “Што оваа генерација ќе остави зад себе во однос на климатски промени?”.

Аплицирајте за учество на шестата дискусија на TEDxBASSalon на следниов линк http://goo.gl/eyFXVf. Крајниот рок за аплицирање е 6.10.2015, 12:00 часот.

Само 20 од Вас ќе обезбедат свое присуство на TEDxBASSalon дискусијата. Повеќе за Salon типот на настани и неговите специфичности може да дознаете тука https://www.ted.com/participate/organize-a-local-tedx-event/before-you-start/event-types/salon-event

Настанот е во организација на SmartUp-creating the geeks of tomorrow во соработка со Бизнис Академија Смилевски - БАС, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Регионалниот Центар за Социјални Иновации - Скопје и Фондацијата за младински развој и вмрежување.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура