X
 07.10.2015 Живот

Нова веб страна преку која работниците ќе имаат полесен пристап за информации за своите работнички права



Сојузот на синдикатите на Македонија со прес-конференција и трибина на тема "Пристојна работа за сите" го одбележи Светскиот ден на пристојната работа, 7 октомври 2015 година. Настанот го организира Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија, а на него покрај раководството на Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија присуствуваа и членовите на Секцијата на млади при ССМ, претставници од Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија, претставници од гранските синдикати здружени во ССМ, организации на работодавачи ОМ и БКМ, Сојуз на стопански комори на Македонија, Стопанска комора на Р. Македонија,Стопанска комора на Северозападна Македонија, Македонско Здружение за заштита при работа- МЗЗПР, претставник од Меѓународната организација на трудот- МОТ од канцеларија Скопје, претставници од други организации и новинари.

На настанот се промовираше програмата "Пристојна работа за сите" иницирана од Светската конфедерација на синдикати, а која оваа година е со посебен осврт на младите и е насловена „Стоп за корпоративната алчност“.

94% од луѓето сакаат гаранција за своите работнички права, сакаат подобри плати и услови за работа. Работниците се уплашени за своите работни места, не ги знаат своите права, немаат каде да се информираат, што севкупно води кон темденција дека се искористувани. Светскиот БДП е три пати зголемен од 1980 година, а нееднаквоста никогаш не била поголема, уште полошо богатството генерирани од страна на работниците не се дели со нив. Најголемиот дел од невработените се млади луѓе, кои се и оние кои се најискористувани, бидејќи не ги знаат своите права.

Луѓето работат во големи и богати компании, немаат загрантирано работно место, работат подлго време отколку што е предвидено со закон, а платите кои ги добиваат се ниски, во споредба со она што го создаваат. Се борат со сиромаштија, небезбедна средина и услови за работа.

Ова се неколку генерални заклучоци за правата на работниците во светот, а кои за жал важат и за некои компании во Македонија, а за чија промена ќе се залага Сојузот на синдикатите на Македонија и Секцијата на млади при Сојузот на синдикатите на Македонија.

Со цел да се овозможи полесен пристап до информации за сите работници, со помош на „Унапредување на социјалниот дијалог“ - проект кој го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, во тек е изработка на нова веб страница за работнички права преку која работниците ќе имаат полесен пристап за информации за своите работнички права. Ќе можат да побараат помош, ќе добијат совети кои чекори треба да ги преземат за остварување на своите права.

Анализите покажаа дека 60% проценти од светската трговија е управувана од страна на големите бизниси, кои користат бизнис модели базирани на искористување и злоупотреба на човековите права а нивниот профит е резултат на ниското ниво на платите на луѓето. Законите за работни односи, платите, пензиите и безбедноста на работното место се под минималното ниво во многу земји, а корпоративната алчност е главниот фактор.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот