X
 09.10.2015 Наука

Мистеријата која Хокинг никако не може да ја разреши

хокинг

 

Можеби е еден од најпаметните луѓе на денешницата, меѓутоа и тој не може да реши една мистерија.


Додека на Reddit, одговарал на прашањата, познатиот физичар изјавил дека жените се мистерија која најмногу го збунуваат, меѓутоа додал дека оваа мистерија и не треба да се реши.

Хокинг на оваа социјална мрежа собирал прашања уште од јули, и од неодамна започна да одговара. Покрај прашањата за дамите, Хокинг одговори и на прашањата поврзани со вештачката интелигенција.

Тој изјави дека не е сигурен кога вештачката интелигенција ќе го достигне човечкото ниво на знаење, но смета дека научниците мораат да бидат внимателни во текот на развивањето на нови технологии.

„Кога вештачката интелигенција ќе биде еднаква со онаа на луѓето, тоа ќе биде или најдобрата или најлошата работа која му се случила на човештвото“, изјави тој.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука