X
 12.10.2015 Технологија

Кои се најпродаваните телефони на сите времиња?

telefon

 

Иако модерните мобилни телефони можат да се пофалат со одлична продажба, рекордот за најпродаван телефон на сите времиња го држи уредот кој на пазарот излезе пред 12 години.


Старата Nokia 1100, уредот кој излезе во 2003 година, од неговото излегување па се` до денес, е продаден во неверојатни 250 милиони примероци.

На второ место се наоѓа повторно Nokia со моделот 3210 со продажба од 160 милиони примероци. На пазарот се најде во 1999 година и беше хит до крајот на минатиот век.

Третото место го поделија четири телефони со по 150 милиони продадени примероци - Nokia 1200, Nokia 5230, Nokia 6600 и Samsung E1100.

Уште една Nokia 2006, го држи четвртото место со 135 милиони продадени примероци, а петтото место го делат Nokia 1600 и Motorola RAZR V3 со продадени 130 милиони мобилни телефони.

Nokia 3310 е еден од мобилните телефони на кои луѓето и денес се сеќаваат со носталгија, а заврши на шестото место. Nokia 1208 се наоѓа на седмото место со 100 милиони продадени примероци.

Осмото место го држи еден нов телефон - Samsung Galaxy S4 кој е продаден во 80 милиони примероци. На пазарот излезе во 2013 година и претставува најновиот телефон на листата на топ 10 најпродавани телефони на сите времиња.

На деветтото место се најде уште една Nokia 6010 од 2004 година, продадена во 75 милиони примероци. На последното место е и iPhone-от кој на пазарот се појави во 2007 година, а досега се продадени 70 милиони примероци.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија