X
 13.10.2015 Економија

Dell го купи EMC за неверојатни 67 милијари долари

зделка

 

Dell, третиот по големина производител на персонални компјутери, заедно со неговите партнери ја купи компанијата за чување податоци EMC за 67 милијарди долари со што ја направи најголемата технолошка зделка на сите времиња.


Сепак, VMware, поголемиот дел од EMC ќе остане како посебна јавно трговска компанија, меѓутоа ЕМС веднаш ќе се спои со Dell. ЕМС најави дека заедно со Dell, сега двете компании ќе станат најголемата приватна контролирана и интегрирана технолошка компанија.

Интересно е тоа што Dell е речиси половина од вредноста на EMC, околу 25 милијарди долари. Мајкл Дел, основачот и извршниот директор на Dell Inc, вели дека е радосен поради успешната зделка и едвај чека да започне со работа.

Зделката ќе предизвика Dell да се прошири во други полиња и во други услуги на индустријата. Компанијата е веќе доста популарна со своите персонални компјутери, а сега со купувањето на ЕМС, таа ќе може да и` парира на други компании како НР и IBM, ветерани во овој бизнис. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија