X
 15.10.2015 Живот

Временска прогноза: Какво време да очекуваме до крајот на неделата?



Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди и ветровито. Ќе дува доумерен југоисточен и источен ветер, кој понекаде ќе достигне брзина и до 25 км/ч. Утринските температури од 5 до 15 степени, а максималните дневни од 15 до 24 степени.

Во четврток во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и ветровито. Ќе дува умерен југоисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, а максималната дневна до 21 степен.

Во петок умерено облачно со услови за локалани врнежи од дожд, претежно во северозападните, западните и југозападните предели. Утринските температури од 6 до 16 степени, а максималните температури од 13 до 22 степени. Во сабота умерено облачно со сончеви периоди и минимлани температури од 7 до 16 степени, а пак дневните ќе се движат од 14 до 23 степени.

Во недела и понеделник во утринските и во вечерните часови ќе има појава на магла, која некаде ке ја намали видливоста и до 100 метри. Оваа магла, понекаде може да се задржи и во претпладневните часови, а во текот на денот умерено облачно со сончеви периоди. Максималните дневни температури ќе се движат од 15 до 24 степени.

weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот