X
 17.10.2015 Култура

Поголемиот дел од Германците сакаат ограничена брзина на автопатите

Германските автопати се познати по тоа што на нив е дозволено возење со неограничена брзина. Меѓутоа, на Германците не им се допаѓа ова, покажува најнова анкета. Бројот на земји со неограничена брзина на возење на автопатите е мал. Освен Германија, тука се Авганистан, Северна Кореја и Ман.


Нова анкета од „YouGov“ открива дека 56% од јавноста би сакала да биде воведена граница во брзината на возење на германските автопати. Границата на возење која се предложува е 150 километри на час, но помала граница не доаѓа предвид.

Само 40% би поддржала граница од 130 км/ч, додека 11% би биле согласни со национална граница од 100 км/ч. Некои автопати во Германија имаат граница на брзина на возење и сега, а предложената граница од нив е 130 км/ч.


Мотористичката организација АДАЦ ја одбива идејата за граница на брзината. Нивното мислење е дека со тоа не би се зголемила безбедноста на патиштата. Впрочем, резултатите од анкетата покажуваат дека само 48% од јавноста смета дека граница на брзината би ги направила автопатите побезбедни.

Резултатите покажуваат и дека постарите возачи во поголем број сакаат да се намали границата. Половина од испитаниците на возраст над 55 години изјавиле сакаат граница на возење до 130 км/ч низ целата земја. За споредба, истото го изјавиле само една третина од испитаниците на возраст од 18 до 24 години.

Во анкетата учествувале 1.198 луѓе.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура