X
 18.10.2015 Култура

Единствената видлива граница од вселената

Меѓународната вселенска станица кружи околу Земјата на секои 90 минути. Астронаутите таму имаат прилично добар поглед кон нашата планета. Од таа висина, сите граници исчезнуваат, освен една.


На 23 септември годинава, еден астронаут на Меѓународната вселенска станица направил фотографии од границата меѓу Индија и Пакистан ноќе. НАСА пишува дека фотографијата го покажува местото на Земјата кадешто може да се види меѓународна граница.


Осветлената линија е јасно видлива поради светлата кои ја осветлуваат целата граница меѓу двете земји. Границата е поставена за спречување на нелегално преминување на истата и шверцување оружје.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура