X
 18.10.2015 Образование

Како една компанија го олеснува студирањето преку апликација?

Што доколку може да ѕирнете во иднината? Не можете, но со „Civitas learning“ сте поблиску од кога било порано.


Се работи за компанија сместена во Остин, Тексас која нуди поглед кон иднината за студентите. Компанијата соработува со универзитетите за да собере податоци и статистики за да пресмета која област е совршена за секој студент.

Компанијата има апликација, „Degree map“, која им овозможува на студентите да ги испланираат студиите од првиот ден и да го извлечат најдоброто од нивното образование. Со апликацијата, студентите ги гледаат финансиските последици на секоја промена која ќе ја направат за време на студиите, вклучувајќи ги изборните предмети и начинот на учење.

Целта на компанијата е преку оваа апликација да им се помогне на студентите да продолжат со учење во текот на студиите и да дипломираат со добри резултати и без доцнење.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование