X
 19.10.2015 Технологија

Како до бесплатен пристап до најновите игри за ipad и iphone?

Програмерот можеби направил нешто уникатно, но тој сè уште мора да помине низ процес со поправање грешки и подобрување на својата игра.


Некои корисници на ајфон и ајпед ја имаат таа привилегија да ги тестираат игрите, но повеќето од нас не знаат како да го сторат истото. Сега, една апликација го овозможува ова. „Playtest“ нуди повеќе игри кои се во тест период за своите корисници.

Сè што треба да сторите е да ја инсталирате апликацијата на ајфонот или ајпедот, да ги внесете бараните податоци, да станете дел од тимот за тестирање и да одберете игра за играње.



Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија