X
 20.10.2015 Наука

Во недела започнува зимското сметање на времето... Чија идеја била промената на часовникот?

Во недела (25-ти октомври) официјално завршува летното сметање на времето, и часовникот се враќа и се враќаме еден час поназад, што значи дека ќе имаме еден час повеќе за спиење.

 

1


Чија идеја била промената на часовникот?

Во 1907 година Англичанецот Вилијам Вилет ја вовел идејата за британското летно сметање на времето со цел да се искористи сончевата светлина во текот на летните утра.

Тој објавил памфлет со наслов „The waste of daylight“ во обид луѓето да ги стане од кревет порано со промена на часовникот на нацијата. Тој предложил часот да се помести 80 минути нанапред во четири поединечни чекори во текот на април и да се врати назад на ист начин во текот на септември.

 

2


Вилет го поминал целиот негов живот обидувајќи се да ги убеди луѓето дека неговата шема била добра. За жал, Вилет починал од грип во 1915 година на возраст од 58 години; една година пред Германците да го усвојат неговиот план за менување на часовникот на 30 април 1916 година, кога часовниците биле поместени за еден час понапред. После Германија, и Британија го направи истото, еден месец подоцна, на 21 мај.

Законот за летно време од 1916 година за брзо време беше донесен од Собранието и на правиот ден од британското летно време, 21 мај 1916 година, беше обелоденето во печатот.

Во тоа време голем број часовници не можеле да се вратат назад без да биде скршен механизмот. Наместо тоа, сопствениците морале да одат 11 часа напред. Владата дури и поставила специјални постери на кои тие им покажувале како да ги ресетираат часовниците според зоната GMT.

Поддржувачите на предлогот тврдат дека ваквата шема може да ја намали потрошувачката на јаглен и да ги зголеми испораките достапни за производство и воените напори во текот на првата Светска војна.

Интересен факт

Вилет е пра-пра-дедо на пејачот на „Coldplay“ Крис Мартин - групата има две познати песни чии наслови се „Clocks“ и „Daylight“ (Случајност?!)

Не се преместувал секогаш часовникот само еден час наназад/нанапред

Денес часовниците се поместуваат или еден час наназад или еден час нанапред, меѓутоа низ историјата постојат неколку варијации како што е половина прилагодување (30 минути) или двојно прилагодување (2 часа), а исто така се користело прилагодување на 20 и 40 минути. Двочасовното прилагодување се користело во неколку земји за време на 40-те.

Половина прилагодување било искористено во Нов Зеланд, во првата половина на 20-от век. Австралискиот Лорд Хоуви Остров (UTC+10:30) го следи DST распоредот во кој часовникот се поместува 30 минути понапред до UTC+11.

ВО 1940 година, за време на Втората светска војна, часовниците во Британија не биле вратени назад за да се означи крајот на летното сметање на времето. Во наредните години, часовниците продолжиле да се поместуваат еден час секоја пролет и да се враќаат назад еден час секоја есен се` до јули 1945 година.

Аргументи за летното сметање на времето

Оние кои се за ваквото сметање на времето велат дека со ова се намалуваат сообраќајните несреќи, се штеди електрична енергија, се зголемува туризмот и се охрабруваат повеќе луѓе да вежбаат на отворено.

Аргументи против летното сметање на времето

Оние кои се против летното сметање на времето велат дека не е јасно дали воопшто има енергетска заштеда, а исто така може да се предизвикаат потенцијални здравствени ризици.

Критичарите тврдат дека темните утра се опасни за децата кои одат на училиште, а аргументот за заштеда на енергија може да е невалидна ако луѓето ги приклучуваат климите за време на полесните, потопли вечери.

Национален ден за спиење

25 октомври е прогласен за национален ден за спиење, а научниците нудат одлични совети кои ќе им помогнат на родителите и децата да се соочат со промената на времето.

Кога часовникот ќе оди назад, утрата се посветли па добро би било спалната соба да биде темна.

Променувајте го спиењето по околу 10 минути во текот на неколку дена, додека не се прилагодите на ново време.

Одржувајте рутини за спиење. Подготвувајте се за спиење во истиот ред: пижами, миење на заби, одење во вц, приказна за добра ноќ.

Исклучете ги сите екрани најмалку еден час пред спиење.

Напијте се млеко или некој топол пијалок за да го привлечете сонот.

Мапа која покажува кои земји во светот го имаат усвоено DST.

 

мапа

 

Европските земји кои вклучуваат зимско и летно сметање на времето се Велика Британија, Франција, Германија, Шпанија, Италија, Бугарија и повеќето европски земји. Европските земји кои не го користат ова сметање на времето се Русија, Исланд, Грузија, Ерменија и Белорусија. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука