X
 21.10.2015 Образование

Запознајте ги "среќните" студенти од Њујорк

Секоја есен, илјадници студенти го населуваат Големото Јаболко, за да започнат на факултетите и колеџите, придонесувајќи за влошувањето на состојбата со домовите и животот во градот.

 

1


Голем дел од нив живеат во домови на кампусот, а другите плаќаат двојно или тројно поскапо и живеат во станови доста далеку од универзитетскиот комплекс. Ова година, неколку „среќници“ можат да живеат во хотелски соби чијашто цена изнесува 300 долари од вечер.

Зголемениот број на студентите кои сакаат да живеат во домови на Универзитетот во Њујорк оваа есен создаде недостиг на станови за некои 145 студенти од приближно 12.000 студенти. За да ги сместат студентите, побогатите од нив се одлучија да престојуваат во Афиниа хотелот на Менхетен кој располага со 618 соби и се наоѓа во близина на Медисон Сквер Гарден.

Антон Соркин, е 19 годишен студент кој студира бизнис и руски и е еден од студентите кои живеат во овој хотел. Собата во хотелот ја дели со цимер, а таа е опремена со два кревети, маса, телевизор со рамен екран, кафемат, микробранова, шпорет и iPhone docking станица. Чистачите доаѓаат два пати неделно за да ја исчистат собата, да ги променат постелнините и да ја освежат бањата, вклучувајќи и менување на крпи и повторно полнење на шампонот и балсамот.

На првиот спрат има и теретана отворена 24 часа и пинг-понг маса. Услугата во собата не е дел од оброкот, меѓутоа е на располагање за студентите кои оставаат кредитна картичка. Антон вели дека оваа услуга е надвор од неговиот студентски буџет.

 

1


Студентскиот живот кој тој го живее е нешто полуксузно од оној на неговите колеги. „Дефинитивно на хотелот би му дал 3.5 или 4 ѕвезди“, вели Антон.

Универзитетот во Њујорк гарантира сместување на кампусот четири години за оние студенти кои сакаат и можат да си дозволат. Сепак, пронаоѓањето на соба или стан за живеење е вистински предизвик бидејќи институциите продолжуваат да се протегаат и надвор од периметрите на нивните кампуси. Универзитетот во Њујорк планира да додаде 2 милиони квадратни стапки на кампусот. Слично, Универзитетот Колумбија кој има кампуси во Морнингсајд Хајтс и Вашингтон Хајтс планира да отвреи неколку згради следната година во Вест Харлем.

За време на реновирањето или во текот на запишувањето, некои училишта ги упатуваат студентите да пронајдат брокери кои пак ќе им пронајдат алтернативи. Поради ова, Институтот Прат во Клинтон Хил, Бруклин обезбеди простор во нова зграда за изнајмување во близина на центарот на Бруклин.

Универзитетот во Њујорк работи со ланецот на хотели Афиниа во Менхетен веќе последните пет години - хотелот вдомува обично 45 до 80 студентити на неколку недели на почетокот на семестарот. После 4 недели студентите си заминуваат од хотелот бидејќи веќе нашле стан.

Со оваа понуда, универзитетот може да продолжи да одржува одредени стандарди понудени во домовите. Њујоршките студенти кои живеат во хотелот плаќаат 7.942 долари на семестар за сместување, истата сума која студентите ја плаќаат за цел пакет сместување на кампусот.  

Сепак, постојат недостатоци во живеењето во хотел - како прво, локацијата. Иако студентите имаат MetroCards обезбедени од унивезитетот, сепак самите студенти велат дека е многу различно кога живеат доста далеку од кампусот, отколку кога живеат во кампусот или близу кампусот. И покрај недостатоците, студентите велат дека сепак хотелот нуди доста поволности како што се бесплатни пијалоци, 24 часа отворена теретана итн.

Досега, студентите не направиле никакви проблеми. „Не ни знаев дека на мојот спрат живет студенти, вели еден пензионер кој штотуку се пријави во хотелот“, вели Мајкл Хант.

„За разлика од домовите во кои студентите најчесто ги оставаат вратите отворени и прават неред, студентите воопшто не прават никакви проблеми“, велат од хотелот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование