X
 22.10.2015 Култура

Факти за филмот "The Truman Show" кои досега не сте ги знаеле

Премиерно објавен на 5 јуни 1998 година, филмот „The Triman show“ на Питер Вир често пати се смета дека го предвидува реалниот телевизиски феномен, кој всушност започнува две години после филмот, со „Survivor“.

 

truman


Исто така, филмот му даде кредибилитет на веќе познатата филмска ѕвезда Џим Кери како драмски актер, а му донесе и Златен Глобус. Ова се неколку работи кои веројатно не сте ги знаеле за овој филм.

1. Филмот првично бил насловен „The Malcolm show“ и имал потемен тон


Во мај 1991 година, сценаристот Ендру Никол ја презентирал драмата „The Malcolm show“ на неговиот тогашен менаџер, која тој ја замислил како параноична драма чиешто дејствие се одвива во Менхетен, го Гери Олдман во главна улога.

2. Содржината е слична на друг филм и две епизоди од „The twilight zone“

Критичарите го споредуваа филмот со краткиот филм на Пол Бартел од 1968 година наречен „The secret cinema“, во кој Ејми Вејн глуми секретарка која не знае дека нејзиниот живот е сниман и прикажан на нејзините дволични пријатели и нејзиното семејство на приватни проекции. „The secret cinema“ подоцна прераснал во епизода, меѓутоа Никол тврдел дека никогаш не слушнал ниту за филмот, ниту за епизодата кога го напишал филмот.

3. Џим Кери прифати да му биде намалена платата за да го глуми Труман Бурбанк


Наместо тогашната стандардна сума од 20 милиони долари, Кери прифати 12 милиони долари за неговите актерски услуги.

4. Норман Роквел и 40-те биле огромна инспирација

Лора Лини постојано ги разгледувала каталозите „Sears & Roebuck“ додека се подготвувала за нејзината улога на Мерил, сопруга на Труман. Режисерот Питер Вир го проучувал Норман Роквел за да го добие вистинскиот изглед.

5. Лини имала и друга инспирација за нејзината улога

За улогата на сопругата на Труман, Лини црпела инспирација и од нејзината мајка. И мајка и`, како Мерил Бурбанк работела како медицинска сестра.

6. Поголемиот дел од филмот бил снимен во планирана заедница во Сисајд, Флорида.

Градот одговараше на естетиката која режисерот и кинематограферите ја барале. Сите градби во Сисајд вклучуваат преден трем и бела ограда.

7. Продукцијата чекаше една година за Кери да заврши со снимањето на филмот „Liar, liar“


Во тоа време, Вир и Никол работеле на 14 верзии на сценариото. Исто така, Вир напишал 10 страни приказна која го објаснувала почетокот на филмот со што влезе во историјата на филмот. Според оваа приказна, Кристоф бил 29 години кога ја убедил компанијата „Omnicam Corporation“ да му даде зелено светло за производство на шоу наречено „Bringing up baby“, во кое главна улога ќе има дете чијшто живот целосно ќе биде документиран и достапен за јавноста.

8. Снимен е документарец за тв шоуто

 

Вир открил дека имал толку многу добар материјал што ги замолил актерите да измислат одговори на неговите прашања глумејќи ги ликовите и да создадат документарен филм во кој ќе има се`. Некои делови беа ставени во филмот, а останатите биле искористени за да се создаден получасовен документарец за шоуто.


9. Ед Харис беше замена во последната минута за Денис Хопер


Хопер требало да го глуми Кристоф, но тој бил отпуштен или си заминал поради „креативните разлики“ два месеци после започнувањето на снимањето (наоколу кружат различни верзии од случката). Харис се сретнал со Вир, и започнал да работи на филмот. Улогата му донесе Златен Глобус за Најдобра споредна машка улога и беше номиниран за Оскар за Најдобра споредна машка улога.

10. Харис и Кери воопшто не се сретнале за време на снимањето на филмот

Кери завршил со снимањето уште пред Харис да дојде.

11. Во филмот се појавува Филип Глас

Седум од композициите на Глас се дел од саундтракот на филмот. Самиот Глас свири на пијаното за време на сцената кога Труман заспива на екранот.

12. Вир планирал театарска публика за време на снимањето

Вир планирал да го запре снимањето на филмот во еден момент во текот на проекциите, да го сече видеото снимено од камерите инсталирани во секој театар, и повторно да го додаде на филмот. Тој дури и мислел да го глуми режисерот на Труман, Кристоф.

13. Тон и Дон биле ангажирани за да го насочуваат сообраќајот во филмот

Полициските потпоручници Рон и Дон Тејлор биле полицајци од Сисајд. Вир забележал дека тие имале одличен однос со филмската екипа, па ги ангажирал како актери.

 

2


14. Постои психијатриска состојба наречена труманова илузија.

Во 2008 година, еден психијатар се сретнал со пет шизофреничари и имал уште неколку други кои верувале дека нивните животи биле реално шоу. Еден пациент се искачил на Статуата на слободата верувајќи дека неговата девојка ќе биде на врвот, а според него тоа бил клучот за тој да го напушти шоуто.

15. Наскоро може да очекуваме слично тв шоу


На 10 април 2014 година, беше објавена дека телевизиска серија базирана на овој филм веќе се развива во „Paramount“, меѓутоа се`уште нема некои дополнителни информации.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура