X
 23.10.2015 Живот

Запознајте ја 100 годишната супер бабичка која се`уште работи

бабичка 

 

Фелимина Ротундо работи шест дена во неделата во перална за алишта, и тоа по 11 часови дневно, и не покажува никакви знаци дека сака да се пензионира.


Таа работи од 7 до 18 часот и вели дека и` се допаѓа бидејќи има што да работи. Иако во август го прослави својот 100-ти роденден, вели дека не размислува за пензионирање. Вели дека постарите луѓе не треба само да седат бидејќи тоа е трошење време.

Што се однесува до правилното време за пензионирање, вели дека луѓето можат да се пензионираат на 75 години, но само ако здравјето им се влоши.

Ротундо е родена во 1915 година, а работи веќе 85 години. Таа работи во Бафало веќе 40 години, а вели дека ќе работи се` додека може да оди и се надева дека здравјето ќе ја служи уште долго време.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот