X
 24.10.2015 Живот

Пасоши на црно - кој чини најмногу?

Набавувањето украдени или фалсикифувани пасоши е возможно на „темниот интернет“. Но, истите може да чинат илјадници долари во зависност од квалитетот и државата откаде доаѓаат. Меѓутоа, најскапиот пасош на црниот пазар не е и најмоќен.


Американскиот портал „Вокатив“ направил анализа на цените на фалсификуваните или украдени пасоши кои се продаваат на „темниот интернет“. Тие дошле до знаење дека најскап пасош на црно е данскиот, кој чини 4.017 долари.

Следува листата од најскапите пасоши на црниот пазар:

1. Данска - 4.017 долари.
2. Белгија - 3.637 долари.
3. Холандија - 3.637 долари.
4. Обединето Кралство - 3.490 долари.
5. Франција - 3.490 долари.
6. Шпанија - 3.490 долари.
7. Русија - 3.013 долари.
8. Литванија - 2.964 долари.
9. Австралија - 2.677 долари.
10. Канада - 2.677 долари.
11. Германија - 2.677 долари.
12. САД - 2.057 долари.
13. Финска - 1.981 долари.
14. Норвешка - 1.850 долари.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот