X
 24.10.2015 Култура

Поканети сте да бидете дел од проектот "7 милијарди сведоци"

Уметникот ЏР и режисерот на „Black swan“, Дарен Аронофски работат заедно на нов проект наречен „7 милијарди сведоци“. Во рамките на проектот, викендов ќе бидат снимени приказни на стотици волонтери во Њујорк. Проектот ќе се шири и во други градови низ светот наскоро.


Видеата подоцна ќе бидат претставени на изложба во Париз за која не се откриваат многу детали. Она што се знае дека изложбата ќе биде поврзана со конференцијата за климатски промени на Обединетите нации којашто треба да се одржи во декември во главниот град на Франција.

Имено, овие „7 милијарди сведоци“ ќе го претставуваат човештвото додека гледаме како светските лидери преговараат за договор за решавање на проблемите со климатските промени кои ќе ја одредат иднината на нашата планета.

Доколку сакате да учествувате во проектот, сè што треба да направите е да почекате уметниците да објават повик за градот најблиску до вас и да се упатите на локацијата.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура