X
 25.10.2015 Образование

За студентите од Македонија - стипендии близу 1.000 евра месечно

Шведскиот институт секоја година доделува стипендии за студенти кои потекнуваат од земјите на Западниот Балкан кои ќе успеат да се запишат на постдипломски студии во скандинавските земји.

 

2


Така и оваа година на студентите од балканските земји ќе им бидат доделени стипендии кои ги покриваат сите трошоци за живеење и како и целокупната школарина на универзитетот, на кој студентот ќе биде примен, во период од најмногу 2 години.

Апликациите за стипендии во Шведска можат да ги поднесуваат студентите од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија, а апликациите можат да се поднесат до 13 февруари 2016 година. Крајниот рок на пријавување на кандидатите за постдипломски е 15 јануари 2016 година.

Школарината директно ја плаќа Шведскиот институт на универзитетот на кој студентот е запишан, додека стипендијата му се исплатува на студентот, а изнесува околу 1.000 евра месечно. Освен тоа, платени се и сите патни трошоци за студентите во висина од 540 евра.

Откако во Шведска е воведена школарината за странски студенти, бројот на студенти од доаѓаат од земјите надвор од ЕУ значително е намален во изминативе неколку години. Бизнисмените и универзитетите во земјата, предупредуваат дека привлекувањето на талентирани и успешни странски студенти е најдобар начин Шведска да остане конкурентна во светот.

Шведска има 42 јавни високообразовни институции и нудат повеќе од 500 магистерски студии во повеќе научни области на англиски јазик.

Универзитетите во Лунд и Упсала често се наоѓаат на листата на 100 најдобри универзитети во светот, што ги става меѓу елитата на најпознатите и најценетите високообразовни институции во светот, додека Медицинскиот факултет на Каролинскиот Институт се наоѓа меѓу најпрестижните факултети во Европа, и го зазема 32-то место на глобално ниво. Во областан на инженерството и технологијата, се издвојува Кралскиот институт за технологија во Стокхолм.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование