X
 27.10.2015 Образование

Индивидуалноста во образованието - кинески или глобален проблем?

Водечките експерти во образованието се согласуваат дека кинескиот образовен систем ја краде шансата за станување уникатен индивидуалец на секое дете.


Авторот и академик сер Ентони Селдон вели дека строгиот образовен стил треба да се промени или младите ќе страдаат, заедно со економијата на земјата. Кинеските училишта честопати се критикувани поради својот принцип на помнење и репетитивно учење.

Селдон посочи кон проблемот со кинеското образование за време на посетата на кинескиот претседател на Велика Британија. Претседателот, од друга страна, изјави дека Британците ги научиле добрите страни на строгата дисциплина од Кина, додека Кинезите учеле за поволностите на рекреацијата.

Еден училишен ден во Кина започнува во 7 часот наутро со физички вежби. Учениците имаат две паузи за исхрана во текот на 12-часовниот училишен ден. Учењето се основа на забележување и повторување. Кинезите сметаат дека децата учат побрзо и подобро на тој начин.

Добрите резултати на тестовите се поврзуваат со социјалниот статус на ученикот, а успешниот ученик значи и успешно семејство со оглед на тоа што сите семејства имаат едно дете.

Во кинеските училишта се образоваат 192.000.000 деца. Кинеските училишта ги даваат едни од најдобрите ученици во математиката и науките. Но, според Селдон, човечките вештини не може да се заменат со компјутери, а кинеските училишта не се фокусираат на истите.


Глобален проблем

Меѓутоа, Селдон додаде и дека ова е проблем кој се јавува насекаде низ светот, не само во Кина.

„Многу училишта ја крадат можноста на младите да станат уникатни индивидуалци коишто се бидејќи многу наставници сметаат дека помнењето полно факти е образование“, изјави тој.

„Многу образовни системи се фокусираат на тестови како основни оценувачи во училиштата, но неодамнешно истражување покажува дека работните места со голем пораст во платата се оние кои бараат социјални вештини“, додава Селдон.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование