X
 27.10.2015 Технологија

Пристигнуваат преносните соларни полначи

Полнач

 

Во денешниот забрзан свет на модерна технологија, се` мора да биде прилагодено за уредите кои ги користиме секој ден и без кои не можеме да функционираме.


Мобилните телефони, лап топите и таблетите одамна станаа дел од нашето секојдневие, а токму нивната преносливост ни помага во тоа.

Сепак, тие имаат доста недостатоци - како што е на пример потребата за редовно полнење на батеријата. Голем број производители се обидуваат на пазарот да постават стандард и да го понудат најдоброто решение. Еден од начините на кои можат да се истакнат на пазарот е навлегувањето во полето на малите соларни панели кои ќе помогнат во полнење на батериите.

Но и ова може да претставува потешкотија која засега компанијата WAACS успеа да ја реши со своите флексибилни панели. Она што тие го нудат како соларен полнач изгледа како обична батерија меѓутоа токму тоа е што ги издвојува од другите.

Најмодерниот и најфункционалниот соларен полнач е направен такашто може да се завитка и да се носи вов џебот. Кога е време за полнење на вашиот мобилен уред, доволно е само со кабел да го поврзите со уредот кој сакате да го наполните.

 

полнач


Квалитетната изработка и одличниот дизајн на овој полнач не е единствено поради што делува корисно. Овој уред може да се користи и за складирање на енергија за вашиот телефон или таблет.

Доколку соларните панели се изложуваат на сонце, во секое време може да соберете и да складирате енергија за моментите кога ќе ви биде потребно да ја наполните батеријата на телефонот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија