X
 28.10.2015 Образование

МОН бара институција која по трет пат ќе ги рангира македонските универзитети

Во тек е избор на институција која ќе врши рангирање на високообразовните институции во Македонија, информираат во Министерството за образование и наука за „Факултети.мк”. Оттаму најавуваат дека откако ќе ја изберат најдобрата понуда, ќе започне процедурата за прибирање податоци кои ќе послужат да се состави ранг-листата на универзитети. Можно е трет пат по ред, рангирањето да го изведе Центарот за светска класа универзитети при шангајскиот „Џиао Тонг”.



Инаку минатата година се случи второто рангирање кое не` чинеше 100.000 евра. Ранг-листата покажа дека со максимални 100 поени најдобар во Македонија е Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, a последен од вкунп 20 приватни и државни високообразовни институции во државата е универзитетот „Евробалкан”.

Првото рангирање на македонските високообразовни институции се случи во 2012 година кога министер за образование и наука беше Панче Кралев. На првите пет места на оваа листа беа Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", Универзитетот на Југоисточна Европа, Универзитетот „Гоце Делчев" од Штип, Универзитетот Св. „Климент Охридски" од Битола и Универзитетот за информатички науки и технологии, „Св. Апостол Павле" од Охрид.

На светско ниво, на светските рангирања нема ниту еден македонски универзитет меѓу првите 1.000 најдобри во светот. Таму не е ниту македонскиот најдобар универзитет „Св. Кирил и Методиј".

Автор:
Антонија Поповска-Христов

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование