X
 28.10.2015 Живот

Временска прогноза до крај на месецот



Во Македонија во среда во утринските часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Во југоисточните, источните како и во пределите долж повардарието се очекува зголемена облачност. Слаб југоисточен и југозападен ветер. Утринските температури од -2 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 19 степени.

Во вечерните часови повтопрно се очекува појава на магла.

Во Скопје во среда во утринските часови ќе има појава на магла која може да се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со кратки сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 5 степени, а максималната температура до 17 степени.

Во Македонија во четврток во утринските и претпладневните часови ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Утринските температури од 0 до 9 степени, а максималните температури ќе достигнат до 11 односно до 18 степени. Во петок во утринските часови ќе има појава на мага, во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температура ќе опаднат и ќе се движат од -2 до 7 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 12 односно до 19 степени.

Во сабота студено утро, со утринска температура од -2 до 7 степени. Во текот на денот сончево и постудено со пад на дневните температури кои што ќе се движат во интервал од 10 до 17 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот