X
 28.10.2015 Наука

Запознајте го првиот вистински Марсовец

Џоселин Дан поминала 8 месеци на црвената карпеста површина на Марс. Изминатата година, заедно со петмина други одбрани лица, живеела во вештачко направена околина како експеримент за животот на Марс.


Таа носела вселенски костум секогаш кога излегувала и се туширала 6 минути неделно. Таа била најблиску до марсовскиот живот до што стигнал човекот досега.

Експериментот во кој учествувала Џоселин бил финансиран од страна на НАСА, а неговата цел е да се тестира подготвеноста на човекот за живот на црвената планета.



Во своето интервју за „Pop science“, Џоселин открива дека секогаш била заинтересирана за вселената и затоа се одлучила да се пријави за експериментот.

За време на мисијата, таа ги набљудувала здравствените ефекти на животот во изолирана заедница на друга планета. Резултатите ги нема сè уште, но смета дека стресот ќе игра битна улога во нив бидејќи е битен дел од секоја ситуација, а ризикот од него е повисок во вселената.


За животот во лабораторијата, таа вели дека е примитивен. Тие играле игри и гледале филмови во слободното време и за разлика од филмот „Марсовецот“, тие постојано слушале музика.

Најголем предизвик за учесниците бил проблемот со електричната енергија кој го имале.

Сепак, на прашањето „Дали би се пријавила доколку имаш шанса за посета на Марс?“, таа одговара: „Доколку не е за постојано, дефинитивно би.“


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука