X
 29.10.2015 Образование

Американските ученици се слаби по читање и по математика

Постигањата на американските ученици по математика и по читање се намалуваат, пренесува „Ју-Ес Њуз".

Постигањата по математика на учениците во Америка и просечните постигања по читање, годинава се пониски, во споредба со оние кои ги имале во 2013 година. Ова го покажало националното оценување на образовниот напредок.




Состојбата со знаењата меѓу сиромашните ученици и нивните побогати врсници, останала непроменета во однос на 2013 година. Тестот по математика кој го полагаат учениците е воведен уште во 1990 година и досега резултатите покажувале напредок во знаењата.

"Ако никогаш сме немале пад во постигањата по математика, тогаш ова беше неочекуван пад. Не знаеме дали овие промени се на долг рок, но мислам дека треба да бидеме претпазливи и да видиме што ќе се случи во 2017 година", изјавила Пеги Кар, вршител на должноста комесар на Националниот центар за образование статистика, кој ги анализира овие резултати.

За јавноста, ваквата состојба е очекувана.

„Многу училишта ги намалија ги намалија критериумите за читање и се фокусираа на "забава", на група проекти и настава која поттикнува технолошки вештини, наместо да се фокусираат на вокабуларот и на развојот и читањето со разбирање. Падот на резултатите од читањето е очекуван", коментира американката Пени Корнет.

„Образованието во САД се претвори во масовна машина за тестирање. Ако властите не добијат бројки, наставниците може да ја изгубат работата. А учениците се тие кои губат", смета Линда Валас.

Претходно, „Jу-Ес Њуз" објави дека американските ученици покажуваат многу слаби знаења и по географија.
Подготвил: Антонија Поповска-Христов / antonija@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование