X
 29.10.2015 Живот

Временска прогноза за викендот што следува

Во Македонија во утринските часови ќе има појава на магла, која понекаде ќе се задржи и претпладне. Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Слаб јужен и југоисточен ветер. Утринските температури од 1 до 10 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 10 односно до 19 степени.



Во Скопје во четврток во утринските часови ќе има појава на магла која ќе се задржи и претпладне. Во попладневните часови умерено облачно со сончеви периоди. Слаб југоисточен ветер. Утринската температура од 7 степени, а максималната дневна ќе достигне до 16 степени.

Во Македонија во петок во утринските часови ќе има појава на слаба магла. Претпладне ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, попладне разведрување и ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Утринските температури од 0 до 9 степени, а максималните дневни од 10 до 20 степени.

Во сабота ќе биде претежно сончево со локална облачност. Утринските температури од -2 до 7 степени, а максималните дневни температури ќе достигнат до 8 односно до 18 степени.

Во недела студено утро со утрински температури кои ќе се движат од -5 до 4 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со максимални температури кои ќе се движат од 6 до 15 степени.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот