X
 30.10.2015 Технологија

Апликација која ги мери предметите на вашиот iPhone

Додека некои апликации можат да поврзат кујнска вага со вашиот уред, оваа апликација наречена Plum-O-Meter самиот телефон го претвора во вага за мерење.

 

aplikacija


Сите оние кои имаат iPhone 6s можат да ја искористат апликацијата ставајќи ситно овошје и зеленчук на екранот на допир за да ја измерат неговата тежина. Најтешкиот елемент на екранот е означен со жолт круг, а тежината на предметот се прикажува како процент на максималната дозволена тежина на екранот.

Бидејќи апликацијата не дава точна тежина на предметот, не е многу корисно за повеќето луѓе, па затоа, дизајнерите на апликацијата, FlexMonkey Towers, ги повикуваат сите програмери доколку имаат некаква идеја, да ја споделат со нив и да ја подобрат апликацијата за да биде повеќе практична. 

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија