X
 31.10.2015 Образование

Скопските основни училишта Лазо Трповски и Владо Тасевски наградени на меѓународен натпревар во Токио, Јапонија

Во рамки на одбележувањето на „70-годишнината од основањето на УНЕСКО“ (проект во кој активно се вклучени 144 земји-членки на УНЕСКО и земји-набљудувачи) две училишта од нашата земја ООУ „Лазо Трповски“  и "Владо Тасевски" од Скопје се наградени на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио, Јапонија.

 

Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија. Меѓу наградените на овој реномиран натпревар во својата возрасна категорија е и ученичката Елена Стојкоска од Скопје.

Покровител на овој реномиран натпревар е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Со прозни лични творби напишани во форма на есеи на тема „Градиме мир во нашите срца и души“  учествуваа 12.960 учесници од 148 земји. Личната творба напишана во форма на есеј не смееше да содржи повеќе од 700 збора и беше напишана на еден од странските јазици што се изучуваат во училиштето (германски или англиски јазик). Тимовите на основните училишта Лазо Трповски И Владо Тасевски на натпреварот во Токио беа предводени од наставниците Стефан Симовски, предметен наставник по германски јазик и Виолета Панев, предметен наставник по англиски јазик.

Повеќе информации во врска со натпреварот може да најдете на веб-страната на организаторите www.goipeace.or.jp односно на веб-страницата на УНЕСКО www.unesco.org/youth. Првата и втората награда се парични, а организаторот доделува вкупно 33 награди за најуспешните млади автори и специјална награда за најуспешно училиште на натпреварот. Наградите на наградените ќе им ги врачи министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија, а свеченото врачување ќе се одржИ на свеченост во Токио на 1 декември годинава.
 

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование