X
 02.11.2015 Настани

ОТВОРЕН ПОВИК: Меѓународен ден на студентите (17 ноември)

Студентската културна иницијатива „Отворен Куфер“ ги повикува сите заинтересирани студентски движења/организации, како и сите студенти без разлика од кој факултет доаѓаат, да се вклучат во одбележувањето на 17ти ноември – меѓународниот ден на студентите!



Учесниците можат да се вклучат со организација на:
- работилници
- изложби
- музички настан
- перформанс
- поетско читање
- дискусија
- било каква друга замисла

Нашата крајна цел е преку овој културен настан да ја пренесеме пораката за потребата за независен студентски простор во вид на културен центар кој ќе биде гнездо за размена на идеи, искуства и интеракција меѓу младите, како и да укаже на недостатокот од студентски културен живот.

Повикот е отворен до понеделник, 9ти ноември.

За дополнителни информации контактирајте не на: otvorenkufer@gmail.com или најдете не на Facebook како Отворен Куфер.

Добредојдени се сите идеи: донесете го својот куфер со идеи и одиме на заедничко патување!

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Настани