X
 03.11.2015 Економија

Колку изнесува просечната исплатена нето и бруто плата во Македонија по сектори за месец август?

Државниот завод за статистика излезе со податоци за индексот на просечната месечна исплатена бруто и нето плата по вработен.

 

плата


Според нивните податоци, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во август 2015 година, во однос на август 2014 годин изнесува 103.5.

Од заводот велат дека зголемувањето се должи на зголемувањето на просечната исплатена бруто плата во секторите: Уметност, забава и рекреација (12.0%), други услужни дејности (7.7%) како и Стручни, научни и технички дејности (7.7%), додека зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во однос на минатиот месец се забележува во стручни, научни и технички дејности (6.6%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.8%) и информации и комуникации (3.6%).

 

1

Целосниот извештај од просечната исплатена месечна бруто-плата по вработен, август 2015


Просечната месечна исплатена бруто плата по вработен за 2015 година изнесува 32.164 денари, додека во август 2015 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примале плата.

Што се однесува до индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2015 година во однос на август 2014 година изнесува 103.1, а ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната исплатена нето плата по вработен во сектори како уметност, забава и рекреација (11.9%), рударство и вадење камен (7.8%) и стручни, научни и технички дејности (7.6%).

 

1

Целосниот извештај од просечната исплатена месечна нето-плата по вработен, август 2015

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2015 гоина изнесува 21.882 денари. 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија