X
 03.11.2015 Образование

Студентите чиј кампус е целиот свет

Поголемиот дел од експертите се согласуваат дека факултетот во 21-от век ќе биде глобален. Тоа значи поголема мобилност за време на студиите, пред сè.


Програмата „Еразмус Мундус“ нуди магистерски студии во кои студентот го менува универзитетот, а со тоа и местото на живот, секој семестар. Ова е пристап кој станува сè позастапен и надвор од Европа.

Сè повеќе американски студенти сфаќаат дека може да добијат знаење преку интернет додека патуваат и се одлучуваат за овој вид студирање како би добиле повеќе искуства во текот на студиите.

Факултетите „Минерва“ се нови институции кои нудат ваков вид студирање. „Минерва“ е основан од Бен Нелсон, кој сметал дека традиционалните факултети не ги подготвувале студентите за вистинскиот свет.

На неговиот факултет, бруцошите поминуваат година во Сан Франциско, а потоа се селат во нова земја секој семестар. Додека завршат со студиите, тие веќе живееле во Берлин, Буенос Аирес, Сеул, Бангалор, Истанбул и Лондон.

Првите две генерации на факултетот ги сочинуваат 139 студенти од 35 земји. Тие живеат заедно, готват заедно, присуствуваат на семинари, одат на настани...

Професорите водат видео семинари во живо кои се наменети за групна работа и дебати. Факултетот не е само за патувањето. Студентите се охрабрени да размислуваат критички и да учат да се адаптираат на секоја работа.

Њујорк тајмс“ ги има приказните на дел од првите студенти на „Минерва“.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование