X
 04.11.2015 Наука

Дали Германија е на чекор до откритието на векот?

Научниците од институтот „Макс Планк“ треба да пуштат уред кој може да ја заврши потрагата по чист и обновлив извор на енергија.


Машината вредна милијарда евра се градела 19 години, а е наречена „Wandelstein 7-X“ и претставува револуција во дизајнот на фузиските реактори за кои научниците сметаат дека би можеле да ја чуваат тајната за оддржливата фузија.

Нуклеарната фузиjа е процес кој се одвива во внатрешноста на сите ѕвезди, па дури и во нашето Сонце. Сонцето создава енергија со огромно количество преку атомски реакции.

Теоретски, предностите се огромни бидејќи фузијата не создава радиоактивни честички, а као гориво може да се користи и кислородот. На нуклеарната фузија се работи веќе 60 години, но уште сме далеку од технологијата за користење на истата.


Новиот германски реактор ветува многу бидејќи ги решава досегашните проблеми со производството на енергија на овој начин. Идејата за дизајнот на новиот реактор е присутна веќе 50-на години, а билана физичарот Лиман Спицер. Истата не станала популарна бидејќи биле потребни повеќе магнети и дизајнот бил покомплициран.

Пресметките потребни за прецизната изградба на стелераторот не би можеле да бидат направени од никого. Германските научници користеле суперкомпјутер за да ги најдат оптималните вредности.


Тимот се надева дека новиот дизајн ќе го сруши рекордот во траењето на фузиската реакција. Реакторот е подготвен за работа и чека дозвола од германската Агенција за нуклеарна енергија за првиот експеримент, што требало да се случи пред крајот на овој месец.

Доколку проектот се покаже како успешен, ова би можело да претставува нова насока во развојот на фузиската енергија.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука