X
 05.11.2015 Култура

Грција повторно ќе ја гради една од најголемите статуи во светот

Колосот од Родос претставувал бронзена статуа на богот на сонцето Хелиос. Тој се наоѓал на островот Родос и тогаш бил најголемата статуа во светот. Се претпоставува дека статуата била срушена за време на земјотрес во 226 година п.н.е. 36-метарската статуа стоела на пристаништето 54 години.


Тим научници сакаат повторно да ја изградат старата статуа за да го подобрат туризмот на островот. Според планот, новата статуа ќе биде многу повисока од старата, односно би требало да има 122 метри.





Во предлогот се наведуваат внатрешни библиотека, музеј, културен центар, дел за изложби и светилник кој би бил видлив на 56 километри. Надворешниот дел би бил покриен со златни соларни панели.





Проектот може да биде завршен за 3-4 години по цена од 240-260 милиони евра.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура