X
 05.11.2015 Образование

Kратки анимирани видеа за студентски права "Студенту, ти треба да знаеш"

Младински образовен форум изработи пет кратки анимирани видеа кои се посветени на теми од високото образование. Видеата едуцираат како студентите да се однесуваат на Универзитетот, како да ги заштитат своите права, но и на сликовит начин прикажуваат поспецифични одредби од правните документи на високообразовните институции.

 

Така, студентите преку видеата можат да дознаат како се распределуваат финансиите од давачката ИИКСА која ја уплаќаат на почетокот на своите студии, и дали може безусловно да го користат универзитетскиот простор. Една од темите кои се покриени во  едно од видеата е корупцијата во високото образование, кое е многу важна сфера за академската заедница. Видеото ги поучува студентите кои се недозволените поведенија на факултетот, и како да се однесуваат кога ќе забележат дека нивните колеги или професори иницираат неетички појави.
Дополнително, одделно видео прикажува кои се надлежните институции кои работат во сферата на заштита на правата на студентите како академски граѓани, но и како припадници на општествената сфера. Видеата споделуваат и информации како да се стават студиите во мирување, како да се побара и кој има дозвола на бесплатни студии и како се заштитуваат личните податоци на студентите.

Погледнете ги видеата:







Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование