X
 05.11.2015 Култура

Поглед во снимањето на филмот за 5-те струмички студенти - "Златна петорка"

Снимањето на „Златна петорка“ е започнато од 19 октомври. Тоа треба да трае во текот на целиот месец ноември, а истото се одвива во Струмица и струмичкиот регион. „Златна петорка“ е фикција за убиство на 5 студенти од Струмица во 1951 година.


Дел од актерската екипа се: Славко Штимац, Влатко Илиевски, Љупка Џундева, Игор Ангелов, Јана Стојановска, Петар Арсовски, Васил Михаил и Ненад Милосављевиќ. Сценариото е на Елеонора Венинова и Билјана Гарванлиева, додека за продукцијата е одговорен Дејан Милошевски. Директор на фотографија е Апостол Трпески, сценограв Кирил Спасески, корстимографијата е на Нела Тодоровска, а шминката на Ирена Сенокозлиоска. Тонот е на Дарко Спасовски-Пацки, додека монтажата на Андрија Зафрановиќ.

Играниот филм е поддржан од Агенцијата за филм на РМ. Повеќе фотографии од снимањето пронајдете во галеријата.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура