X
 06.11.2015 Живот

Како романските протести го принудија премиерот на отказ?

Во средата, јавните протести против владата го принудија романскиот премиер Виктор Понта да даде отказ. Но, демонстрантите не завршија. Уште истата вечер, најмалку 10.000 луѓе излегоа на улиците во Букурешт, главниот град, со слогани „Не плашете се, се раѓа држава“ кои бараат политички реформи и бараат предвремени избори.


Очигледно, Романците се бесни на својата влада. Првата причина за протестите е корупцијата. Сè започна со еден пожар Она што ги поттикна луѓето да се побунат против владата е пожар во ноќен клуб во Букурешт, во кој загинаа 32 луѓе, а 180 беа повредени.

Причина за појава на пожарот е употреба на пиротехника од страна на бендот кој настапувал во клуб кој не бил соодветно опремен за такви материјали. Само една од двете врати во клубот можела да се отвори, поради што бројката на жртвите е толку голема.


Романците не го гледаат ова како еднократен инцидент, туку директен резултат од длабоко влезената корупција во романската влада. Премиерот Понта веќе бил осудуван за измами и корупција. Пожарот бил последната опомена за него.

Тој даде отказ во средата, заедно со министерот за внатрешни работи и градоначалникот на општината во која се наоѓал клубот во Букурешт.

Според најновиот индекс за корупција на „Transparency international“, Романија е најкорумпирана земја во Европската унија, заедно со Грција, Италија и Бугарија. Алина Мунгиу-Пипиди, експерт, проценува дека оваа корупција чини до 323 милијарди евра годишно само во украдени даноци.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот