X
 06.11.2015 Живот

НОВО од Златен Даб



Златен Даб Dark е темно пиво од Прилепска Пиварница. Создадено според германска традиционална рецептура на најголемите пивски мајстори за темно пиво, Златен Даб Dark се карактеризира со специфичка арома, текстура, неодолив балансиран вкус на карамела, мирис на кафе и деликатен чоколаден финиш.

Златен Даб Dark е производ на стратешко партнерство на Прилепска Пиварница со Кухел Бауер, една од најстарите и најреномирани германски пиварници, со своја традиција која потекнува дури од 14-от век.

„Прилепска Пиварница со новиот Златен Даб Dark влегува во следната фаза од своето постоење. Комбинација на искуство, посветеност и знаење на врвни мајстори на пивото сега е преточена во вистинско темно пиво на македонскиот пазар. И овој пат, при создавањето на Златен Даб Dark приоритет ни беше создавање на пиво што ќе ги има најавтентичните карактеристики на вистинско темно пиво. Бидејќи на тема на квалитетот и оригиналноста кај нас нема компромис, заеднички со нашиот стратешки партнер – Пиварница Кухел Бауер направивме врвен производ во кој се вградени соодветни изворни суровини и применета е посебна технологија за производство на вистинско темно пиво. Се надевам дека вистинските љубители на темно пиво ќе се уверат во ова“, изјави Панде Самарџиоска, заменик генерален директор на Прилепска Пиварница.


За германската пиварница стратешкото партнерство е чест и задоволство соодветно на реномето на Прилепска Пиварница на европските пазари.

„Ова партнерство е од огромно значење како за земјите така и за целосната свесност за развојот на пивската култура. Златен Даб Dark, првиот производ што произлегува од ова партнерство е специјално направено темно пиво, создадено со многу страст за пиво и посветеност на секој детаљ. Нè радува што сме избрани за партнери на Прилепска Пиварница, која важи за пиварница со голема традиција и експертиза во производство на лагер пива, а која сега со лансирањето на првото вистинско темно пиво на македонскиот пазар, Златен Даб Dark влегува во следната фаза од својата иднина. Нестрпливи сме за следните нови заеднички предизвици во промовирањето на пивската култура во земјава“, изјави Хајнрих Шоенбергер, комерцијален директор на Кухел Бауер.


Пивото беше промовирано во рамките на Академијата за пиво што по третпат се организира од Прилепска Пиварница. Целите на оваа Академијата останаа фокусирани на промовирање на пивската култура и едукација за карактеристиките, влијанието на состојките врз вкусот на пивото и бенефититe. Специјален гостин предавач и оваа година беше врвниот пивски сомелиер д-р. Михаел Цеф кој посебен осврт даде на едукацијата за темните пива.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот