X
 09.11.2015 Конкурси

Повик за учество на Национална Работилница за учество на младите во процесите на донесување одлуки во образовниот процес

Коалиција на младински организации СЕГА објавува повик за учество на Национална Работилница за учество на младите во процесите на донесување одлуки во образовниот процес.


Коалиција СЕГА, во рамките на проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“, отпочна процес за покренување на иницијатива за измени и дополнувања во законите за основно и средно образование, со цел регулирање на учеството на децата и младите во процесите на донесување одлуки кои нив ги засегаат.

Во рамките на оваа иницијатива во периодот од 19 – 22 ноември 2015 година, во Струга,  Коалиција СЕГА организира Национална работилница “Иницијатива за регулирање на младинско учество во образовниот процес”, на која ги покануваме младинските и ученичките организации да земат учество на работилницата со свои претставници и да го дадат својот придонес во иницијативата за измени дополнувања во законите за основно и средно образование.

За учество на овој настан ќе бидат селектирани 30 претставници на ученички и младински организации како и 15 претставници на локални и национални институции. Работилницата ќе се одржи во периодот од 19 – 22 ноември 2015 година во Струга. Техничките детали за работилницата околу сместувањето и патните трошоци ќе бидат споделени дополнително со  селектирани учесници.

Сите заинтересирани за учество во оваа работилница треба да достават Апликација и номинација од матичната организација на следната адреса aplikacija@sega.org.mk со назнака „Апликација за учество на работилница“.

Краен рок за испраќање на апликации е 15 ноември 2015 година. Непотполните и ненавремено доставените апликации нема да се разгледуваат.  

Селектираните учесници на работилницата ќе бидат известени најдоцна до 16 ноември 2015 година.

Од 2011 година Коалиција на младински организации СЕГА го спроведува проектот „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ со поддршка на Детската Фондација Песталоци од Швајцарија. Проектот се спроведува во 20 училишта во 10 градови во Република Македонија. Во состав на проектот во училиштата се спроведуваат демократски избори на претседатели на класови и се воспоставува училишна/младинска организација. Исто така, во овие училишта со цел заштита на детските права е воспоставен модел „Деца правобранители“ со поддршка на Канцеларијата на Народниот Правобранител на Република Македонија.

Во 2015 година, Коалиција на младински организации СЕГА доби дополнителна поддршка за спроведување на инцијативата за поттикнување на законски измени за регулирање на учеството на младите во рамките на образовниот процес со програмата Еразмус +. Проектот „Застапување за младинска акција за учество во училиштата“ го надополнува тековниот проект „Имплементација на Конвенцијата за правата на детето во Македонија“ во насока има на подигнување свеста на донесувачите на одлуки за потребата од дефинирање на ученичкото учество во законската регулатива на национално ниво. Главната цел на проектот е да се иницира структурно вклучување на учениците и младинските организации преку дијалог со релевантните носители на одлуки во насока на унапредување на законските можности за учество на младите во образовниот процес.

Инцијативата за предлог законски измени за регулирање на ученичкото учество Коалиција СЕГА ја спроведува во партнерство со своите организации членки, Младински Образовен Форум, Првата Детска Амбасада Меѓаши, а со поддршка на Детската Фондација Песталоци и Програмата Еразмус +.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Конкурси