X
 10.11.2015 Наука

Откриена е причината за исчезнувањето на водата од Марс

Во НАСА мислат дека знаат што се случило со атмосферата на Марс. Пред 3,7-4,2 милијарди години, атмосферата на црвената планета била колку онаа или поголема од онаа на Земјата, но денес е 100 пати потенка. Одговорот лежи во дувањето на ветерот. Поточно, на соларните ветрови.


Мисијата на НАСА која имала цел да ги открие мистериите поврзани со атмосферата на оваа планета поминала една година кружејќи околу планетата. Сознанијата од мисијата гласат: атмосферата на Марс исчезнала поради соларни невремиња, а со неа и водата на површината.


Моментално, од атмосферата на Марс излегува околу 100 грама воздух на една секунда, но за време на соларните невремиња, воздухот излегува 10-20 пати побргу. Ветровите од сонцето се движат милион милји на час додека стигнат до честичките на атмосферата на Марс. Во период од милиони години, атмосферата на Марс била оддувана, во буквална смисла на зборот.

Како изгледал Марс со атмосфера? НАСА создадоа кратко видео од она што мислат дека би требало да се наоѓа на површината на Марс некогаш.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука